Поранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Некогашниот играч и тренер на Лацио му ја донесе третата последователна титула на тимот од Милано, но и покрај тоа тој на крајот од сезоната беше заменет од
Жозе Мурињо.
„Би сакал да им се заблагодарам на тренерите кои гласаа за мене, но и на сите фудбалери на Интер што ги водев минатата сезона“, изјави
Манчини по свеченоста на која присуствуваше и Мурињо, а по неговата изјава двајцата се поздравија како добри пријатели.
Италијанскиот стратег моментално е без клуб, но како негова наредна дестинација се споменува клупата на Реал Мадрид, односно местото на Бернд Шустер.
19.11.2008