Шведските научници од универзитетите во Стокхолм, Упсала и Каролинска, ги објавија резултатите од најновото истражување поврзано со насилните игри.
Стручњаците испитувале деца на возраст од 12 до 15 години, поделени во две групи, при што групите играле различни игри во вечерните часови.
Првата група играле насилни игри, додека на другата и биле доделени игри без никакво насилство. Меѓу бројните параметри, стручњаците ја бележеле и работата на срцето во текот и по играта, при што било утврдено дека во втората група немало промени ниту додека играле, ни по играњето.

Во групата, пак, која играла насилни игри била забележана забрзана и нерамномерна работа на срцето, што се продолжувало и во текот на спиењето, иако испитаниците немале чувство дека спиеле лошо.
Иако стручњаците велат дека е прерано за заклучоци, ова испитување ќе им помогне во разбирањето на начинот на кој насилните содржини влијаат врз човековиот организам.
18.11.2008