Љубителот на брзини Марко Меноци возел околу 110 километри на час во своето Пежо 207, во јужна Италија, кога ’собрал’ куче. Бидејќи станувало збор за навистина мало кученце, Марко не го запрел возилото.
Марко Меноци возел со околу 110 километри на час на споредниот пат во Козе, јужна Италија кога го удрил едногодишното куче кое се нашло на патот во погрешно време. Продолжил да вози мислејќи дека кучето едноставно е мртво од ударот.
А кога конечно запрел, имал и што да види – кученцето не само што преживеало, туку се возело повеќе од 20 километри под хаубата, каде влегло низ пластичната решетка и се заглавило во дупката под капакот на хаубата.
Кучето имало среќна судбина бидејќи автомобилот го собрал при голема брзина и точно под агол од 90 степени
Го однеле на ветеринар, при што е утврдено дека има скршена нога, и моментално се наоѓа во шинтерница, каде чека да го посвојат.
„Имало многу среќа. Преживеало бидејќи ударот бил многу силен. Да бил полесен, ќе завршело под тркалата на автомобилот“, изјави портпаролот на полицијата.
18.11.2008