Чешката убавица Каролина Куркова на снимањето во Мајами минатиот викенд не го привлече вниманието со прекрасните облини. Сите погледи завршија во нејзиниот необичен папок.
Блондинката на снимањето на Викторија Сикрет носеше минијатурен бел костим за капење кој сите погледи ги насочи на нејзиниот папок.

Моден инсајдер на Page Six тврди дека графичките уредници на магазините и каталозите веќе рутински на манекенката и додаваат папок во постпродукција.
„Телото на
Каролина е неверојатно, но нејзиниот папок е многу необичен. Кога се снимаат материјалите, и додаваме папок со Фотошоп. Постојат слики од различни папоци, па на Каролина и додаваме еден. Нејзиниот папок на фотографиите едноставно го снемува, а во живо изгледа необично. Затоа редовно и додаваме“, објаснува изворот.

Манекенката во секој случај поради тоа не ја изгубила самодовербата. Еден ден по снимањето во Мајами беше меѓу 35-те модели кои носеа екстравагантна облека на спектакуларната ревија од Викторија Сикрет во истиот град.

Каролина е една од најбараните фотомодели на денешницата, а неодамна доби и помала улога во филмот G.I. Joe во кој игра и
Сиена Милер.
18.11.2008