„Така те сакам, не запирај, појако, појако“, кажувајте му вакво нешто на своето момче за време на сексот и ќе го напалите уште повеќе, ќе го излудите и ќе му дадете до знаење дека е добар.
На многу мажи ништо не им е посекси од жена која знае во вистински момент да каже нешто валкано, да го извика неговото име и да му каже колку го сака.

Еве неколку работи кои сакаат да ги чујат:
Своето име
Мажот сака да знае дека не си замислувате некој друг додека со него водите љубов. Одвреме навреме издишувајќи изговорете му го името на својот сакан. Сигурно нема да згрешите, и тоа е одличен увод во останатите палави извици.
Вашите фантазии
Зошто да не му ги кажете своите најтаинствени фантазии и соништа? Мажите се љубопитни и би сакале да знаат што сакате да ви прават. Ако некои ваши фантазии се премногу палави, малку ублажете ги и фрлете се на работа. На некои не треба ниту да им инсистирате, но со самото тоа што ќе им искажете ќе им ја распалите фантазијата.
Прости фрази
Да се зборува валкано не е лесно, посебно ако сте во нова врска. Но, не сакате да бидете потполно тивки. Еве неколку фрази кои можете да ги искористите...
Да, допирај ме тука.
Супер е тоа (што го правиш).
Не запирај. Појако!
Толку те посакувам.
Ама си силен.
Охрабрете го
И мажите како и жените понекогаш се чувствуваат несигурно. И нив им треба малку поттик за да знаат дека уживате и дека тоа добро да го прават. Не бидете срамежливи, кажете му колку е добар и колку го посакувате.
17.11.2008