Клинт Иствуд е во преговори со Дрим Воркс за да го режира филмот Hereafter, чие сценарио сега се пишува и тоа наводно ќе биде баш онакво кое на секој би му го втерало стравот в коски.
Иако заплетот се уште е добро чувана тајна, се шпекулира дека Hereafter ќе биде филм во неколку работи сличен на Шестото сетило. А за приказната со духови да биде уште позастрашувачка треба да се погрижи
Питер Морган, кој моментално е еден од најбараните сценаристи.
Во овој нов проект на Дрим Воркс како продуцент треба да се појави
Стивен Спилберг, а тоа нема да му биде прв пат да вложи во филм на
Клинт Иствуд.
Клинт и Спилберг заедно работеа на Flags of Our Fathers и Letters from Iwo Jima.
17.11.2008