Најновото истражување на меѓународниот тим научници покажa дека тестостеронската терапија може значително да ја зголеми желбата за секс кај жените во постменопауза.
Новото истражување кое го водеше професорката
Сузан Дејвис од Универзитетот Монаш покажa дека тестостеронскиот фластер може значително да го зголеми сексуалниот апетит кај повозрасните жени.
Д-р Дејвис објаснува дека многу жени по менопаузата ја губат желбата за секс и често бараат медицинска помош.
Во студијата биле вклучени 814 жени во постменопауза од САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Шведска кои добивале тестостеронски фластери или плацебо.
На почетокот на студијата жените рекле дека отприлика 50% од сексуалните епизоди им биле задоволувачки, но откако групата 24 недели биле на тестостеронска терапија, било забележано подобрување за 2.1% месечно, додека кај жените кои добивале плацебо подобрувањето било само 0.7%.
За време на ова тестирање се појавиле и неколку нуспојави, бидејќи тестостеронот е машки полов хормон кој ги дава повеќето машки полови карактеристики.
„Многу жени често се грижат за можните нуспојави за време на земањето на тестостерон, но важно е да се напомене дека тестостеронот и кај жените игра важна животна улога“, вели д-р Дејвис.
Извор: news-medical.net
14.11.2008