Министерот за одбрана на САД Роберт Гејтс најави дека САД ќе го спонзорира новосоздадениот институт за информатичка одбрана во Естонија. Центарот е посветен на проучување на сите аспекти на интернет војувањето.
Центарот за кибернетичка одбрана е формиран годинава како одговор на масовните напади врз естонските интернет страници во 2007 година, кои ги парализираа банковните трансакции извршени преку интернет.
Одлуката на САД да ја поддржи Естонија е голема помош за балтичката држава со 1.3 милиони жители која се плаши повторно силната Русија, која покрај Естонија лани, имаше масовна интернет војна и против Грузија за време на конфликтот пред неколку месеци.
Причина за нападот врз Естонија беше одлуката на властите во Талин да го отстранат бронзениот споменик на Црвената армија од воениот меморијален центар и да го преместат на воените гробишта. Естонците ја поздравија ваквата одлука, но бројното руско малцинство протестираше.
Гејтс во средата ја пофали Естонија што ги споделила искуствата за сајбер-нападите со сојузниците од Северно-атлантската алијанса и помогнала да се зголеми општата безбедност на сојузот. Естонија во НАТО е од 2004 година.
14.11.2008