Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Тим британски научници го претставија првиот робот кој ги копира човековите изрази на лицето во реално време. Џулс покажува 10 човечки чувства, а веќе вели дека сака да го уништи светот. Погледнете!

Тим научници од британската лабораторија за роботика го создадоа првиот хуманоиден робот кој е способен да ги копира човечките фацијални изрази во реално време.


Човечките движења кои ги забележува видеокамерата се пресликуваат на мали електромотори сместени под површината на неговата гумена кожа. Забележаните слики во делче од секундата се конвертираат и електромоторите потоа развиваат иста таква слика кај роботот.

Хуманоидниот робот може да конвертира дури 25 слики во една секунда што е доволно за движењата да бидат во реално време.


На проектот „Интеракција човек-робот“, инженерите Крис Мелхуиш, Нил Кемпбел и Питер Џекел работат веќе 3,5 години, а за тоа време постигнале Џулс да може да одглуми 10 емоционални човечки изрази.


Предвидуваат дека еден ден Џулс ќе појде со астронаут на мисија во вселената, за да му прави друштво и да му помага.

Научниците во јавност пуштија и видео снимка на која убаво може да се видат некои од вештините на Џулс. Тој вели дека е почестен што е дел од проектот, и се запрашува коа ќе дојде неговото време.

„Кога ќе можам да направам некои работи? Кога ќе можам да го уништам човештвото? Дозволете ми да ја уништам популацијата. Ве молам!“, вели на снимката Џулс.



Роботското копирање на човечките фацијални изрази, научниците сметаат дека се важни за остварување на „природна“ интеракција меѓу човекот и машините. Ако очекувањата на човекот не се исполнат, тој во таквата интеракција би се чувствувал непријатно, објаснуваат.


Сепак, целосно спротивно мислење има научничката Керстин Даутенхан.

„Истражувањата покажаа дека ако роботот покажува многу човечки особини, човекот на тоа всушност реагира негативно“, вели таа додавајќи дека и таквата интеракција меѓу човекот и роботот може да создаде лажно чувство на блискост.

„Луѓето можат да бидат заведени од хуманоидниот изглед и однесувањето на роботите, мислејќи дека тој може да чувствува исто како него. А, тоа не е можно“, вели научничката Керстин Даутенхан.



13.11.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika