Добро, македонските брачни парови не раѓаат деца бидејќи немале услови, економската ситуација им е неповолна, немаат работа и тн. А, Јапонциве пак, не раѓаат деца оти имаат работа. Значи крајот не им се наоѓа!
Повеќе од една третина од јапонските брачни парови престанале да имаат секс, повеќето најмногу заради тоа што постојано се уморни, или едноставно повеќе не сакаат, објаснува научник при јапонската влада.
Шефот на јапонската асоцијација за планирање на семејството, научникот
Кунио Китамура, објави дека 37% од паровите немале секс ниту еднаш во најмалку еден месец, што е пораст за 5% во однос на 2004 година.
Четвртина од мажите како причина за апстиненцијата ја навеле уморот од работата, додека 19% од жените изјавиле дека сексот едноставно им е гњаважа.
Стандардна слика на едно јапонско семејство
Овој тренд би можело да има сериозни последици за Јапонија која се мачи со нискиот наталитет, а вкупната популација се повеќе ја сочинуваат стари луѓе. Една Јапонка просечни родила 1.34 деца во минатата година, а во САД како за пример просекот изнесува 2.1, што е минимален просек за проста репродукција.
„Проблемот е во балансирањето меѓу приватниот живот и работата и по тоа прашање личноста не може ништо да направи сама. Тоа е веќе проблем кој треба да го решат и луѓето што ги водат компаниите“, загрижено објасни Китамура, кој за овој негативен тренд го обвинува суровиот бизнис свет и трката по заработувачка.
13.11.2008