Во трилерот The Killer Inside Me Кејси Афлек ќе биде шериф кој поминал на мрачната страна, додека Џесика Алба ќе глуми негова девојка - проститутка која тргнува по неговите стапки.
Помладиот брат на
Бен Афлек, кој ги собра симпатиите во трилерот
Исчезната без трага, ќе остане верен на трилер филмовите, па заедно со ѕвездата од
Син Сити, ќе глуми во
The Killer Inside Me.
Кејси ќе игра досаден шериф кој никако не може да престане да убива.
Овој мрачен филм сепак нема да го режира неговиот брат, туку
Мајкл Винтерботом, а филмот се базира на романот на
Џим Томсон.

Ова е прв филм во кој
Алба ќе глуми курва и тоа крволочна!
12.11.2008