Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Болестите на срцето и крвните садови се меѓу водечките причини за смрт, а зголемениот холестерол, пушењето, недостигот на телесна активност, зголемениот крвен притисок и стресот, се најчестите ризични фактори за болести на срцето и крвните садови.

На нив можеме да влијааме и сами, но за жал, повеќето луѓе не преземаат ништо, или ги менуваат навиките само кога болеста ќе чукне на порта.

Сосема е погрешно е да се тешите со вообичаеното размислување дека сите живееме под стрес, лошо се храниме и дека со годините се дебелееме, а сепак не умираме сите од инфаркт.


Статистичките податоци без сомнение говорат дека значително помалку се загрозени повитките и посреќни, оние кои што вежбааат, здраво се хранат и уживаат во животот.

Затоа, малите чекори кои можеме да ги направиме за здравјето на срцето воедно може да бидат и чекори кон среќниот, поубав и поквалитетен живот.


Променете ги прехранбените навики: За здраво срце важно е да јадете редовно, а ритамот на внесувањето на калории да го прилагодите со ритамот на потрошувачка. Зголемете го внесувањето на овошје и зеленчук, не се ограничувајте само со одреден вид на овошје и зеленчук на кои што веќе сте се навикнале.

Распоредете ја дневната количина на храната на најмалку пет помали оброци. ’Лошите’ маснотии заменете ги со маслиново масло и останатите маснотии од растително потекло (мешункасти плодови, семиња).


Јадете што повеќе интегрални житарки и зрнести плодови, како и разновидни белковини – намалете со свинското и говедското месо, а повеќе јадете риба, морски плодови, бело пилешко месо. Не ги исфрлајте млечните производи, само јадете ги оние со помалку маснотии и што помалку користете сол.


Проверете дали пиете доволно вода: Возрасен човек при умерени активности потребно е да внесува околу 8 чаши вода дневно, а во период на зголемено потење и повеќе. Не заборавајте дека од кафето, иако е течност, всушност се дехидрира.


Престанете со пушењето и намалете со алкохолот. Моментално климата во општеството е совршена за престанување со пушењето, па ете ви дополнителна мотивација. Алкохолот е прифатлив само ако не пиете редовно, и доколку количината не преминува две чаши.


Уживајте во животот и што почесто правете го сето она што ве прави развеселува и ве исполнува со задоволство, гордост и останатите позитивни емоции. Истражувањата покажаа дека најздрави луѓе се оние кои се задоволни од животот. Љубовта и редовните сексуални односи секако дека се многу важни.


Сериозно поработете на стресот! Стресот е здрава, нормална реакција на опасност, па е невозможно да се елиминира. Но, прекумерниот стрес е штетен. Често пати се помируваме со него, мислејќи дека не може ништо да се направи.

Сепак, многу работи можат да се направат само со промената на ставовите и приоритетите, и со вистинската проценка што е навистина важно во животот, како и совладување на техниките за опуштање.


Редовно вежбајте или движете се повеќе. Што повеќе се движите, поголеми се благотворните ефекти кои се отчитуваат низ физичкото и психичкото здравје, емоционалното задоволство, зголемување на квалитетниот сон. Со помалку од половина час одење не смее да ви помине ниту еден ден.


За здраво срце, потребни ви се и аеробни активности (оние што го забрзуваат пулсот, дишењето, како и оние од кои се потите). Такви тренинзи треба да практикувате 2 до 3 пати неделно по дваесетина минути. По телесните активности ќе се чувствувате посилно и полетно, и ќе имате поголема енергија.


11.11.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika