Oak Ridge National Laboratory во Њу Мексико дополнително го унапреди својот супер компјутер наречен Јагуар, со што овој компјутерски ѕвер се искачи од петото место на второто место како најбрз во светот.
Научниците од Оак Риџ лабораторијата на интересен начин ја презентираа брзината на Јагуар.
„Кога секој човек на светот во текот на една секунда би извршила една математичка операција, би ни биле потребно околу 650 години да пресметаме толку колку што е способен Јагуар да пресмета за еден ден.“
Во споредба со класичните персонални компјутери, Јагуар со нешто повеќе од еден квадрилион математички операции во секунда отприлика е 55.000 пати побрз од просечниот компјутер.

Јагуарот вреден неверојатни 100 милиони долари, е втор најбрз на светот. Побрз од него е само компјутерот кој служи за истражување на нуклеарни оружја во Лос Аламос Националната Лабораторија во Њу Мексико.
Супербрзиот компјутер моментално се тестира, а во полно светло би требало да профункционира во текот на јануари следната година, кога ќе биде искористен за анализа на влијанието на глобалните климатски промени, како и за искористувањето на алтернативни извори на енергија.
11.11.2008