Рано е наутро и се уште сте мрзливи и поспани.Ве чека нов работен ден полн со обврски и растрчувања.А, зошто да не го започнете со секс.Заборавете на појадокот и нафрлете се еден на друг.
Има ли подобар почеток на денот од утринските страсти што ќе ви дадат елан за понатаму?

Утринскиот секс, ќе се сложат многумина, е најдобриот секс. Одморени сте, се уште не сте оптоварени со проблемите, но и спремни за малку физичка активност. Покрај тоа што ќе се чуствувате одлично и заводливо, со сексот сте ја изработиле и утринската фискултура.

Како бонус ќе добиете и развежбани мусклули, кои обично ги занемарувате. Поттик за утрински секс може да биде и фактот дека така согорувате околу 300 калории.

Мажите се вообичаено и напалени наутро, бидејќи нивото на тестестерон е за 25% поголемо.
Но, ако спаѓате во оние кои веднаш откако ќе ги отвoрат очите, трчаат во купатилото за да се дотераат, освежат и исчешлаат, време е својот третман на разубавување го оставите за покасно.

Многу мажи мислат дека нивните партерки се најубави наутро, онака поспани, расбушавени и топли. Што се однесува на оралната хигиена, можете секако да се освежите со гума за џвакање.
Утринското оп-цуп ќе ви даде посебен сјај и позитивно ќе влијае на вашето здравје. Имено, едно британско истражување покажа дека редовниот секс наутро кој треба да се практикува три пати неделно, го намалува ризикот од срцев удар, ноублажува и мигрена и артритис.
Па што чекате? Нафрлете се на утринска секси, корисна размена на течности!
10.11.2008