Јужна Америка е срцето на либералниот сексуален живот, а сексот е една од главните теми на филмската индустрија. Овие два факти мудро ги споија документаристите од HBO, па во серијалот Sexo Urbano право в лице ни ја испорачаа живописната слика од еротскиот ноќен живот во Латинска Америка.
HBO одамна се етаблираше како продуцентска ТВ куќа која ги истражува скокотливите прашања, и пружа отворен поглед на контроверзните теми. Започна со Sopranos, чекор понатаму отидоа со Deadwood, а после него следеше и Стариот Рим, кој не само што одлично го претстави бруталниот и крволочниот карактер на една од најголемите цивилизации на човековата историја, туку го воведе сексот во ударниот термин.
Следната драмска серија на HBO, „Кажи дека ме сакаш“, ја одбележа новата етапа во TB историјата, бидејќи е прва серија која што прикажува сцени од експлицитен секс, кој многумина го карактеризираа како граничење со порнографијата.
Тоа е само една во низата на докази дека сексот се вовлече во сите пори на општествениот живот и во сите работи што не опкружуваат, од рекламите до најновата мода. Колку нештата предизвикуваат или асоцираат на секс, фактички се одредува самиот квалитет на производот или содржината, а она што е модерно мора да биде секси.
Со поотворениот пристап спрема сексуалноста се отвори прилика и за погласното изразување на ставовите на разните борци за секакви права, а психолозите се пред прашалник.
Додека некои тврдат дека дошло до заситување на еден од основните човечки нагони со претерано прикажување на сексот на секој ќош, други сметаат дека потолерантниот пристап донесол многу поволности за човекот и општествениот живот воопшто.
Ако се потсетиме на старите времиња, кога на пример, под тешките повеќе слојни здолништа, голите глуждови беа олицетворение на еротиката, тогаш јасно е дека денес границите на сексуалноста драстично се поместени и дека на луѓето им е потребно многу повеќе, не само за поттикнување на сексуалниот нагон туку и за неговото задоволување.
Покрај достапноста на разните сексуални содржини, особено преку интернет, се потешко е да се задоволат сексуалните желби на општеството, кое преедноставно фантазијата ја претвора вo реалност.
Со оглед на тоа дека табуата на оваа тема се бришат, така и фетишите повеќе не се озогласени како порано, малкумина се такви што се плашат да си ги откријат своите тајни желби поврзани за сексуалното задоволување.

Токму овие премиси ги прифати и HBO со својот серијал Sexo Urbano кој отворено проговара за актуелните фетиши и другите облици на задоволување на сексуалните нагони. Во класиките како што се Taxicab Confessions, Reel Sex и G-String Divas, оваа серија ги открива мрачните тајни на метрополите на жешката Латинска Америка.
Во секоја епизода водич во исполнувањето на сексуалните фантазии е таксист кој што е запознат со волшепствата на милионските градови кога е во прашање екстремниот ноќен живот, каде актерите ’не се стегаат премногу’ кога е во прашање задоволувањето на сексуалните потреби.

Серијата прикажува луѓе кои ги ценат телесните задоволства и кои отворено говорат за своите најинтимни фантазии додека камерата ги следи во секој чекор и ги открива нивните мрачни тајни.

За разлика од сличните проекти кои на некој начин, проговорија за човечката сексуалност, Sexo Urbano може да се пофали со тоа дека го прикажува сексуалниот живот токму таков каков што е во реалноста, како што го познаваат милиони луѓе, без ефтини возбудувања, криење на вистината и без срам, како и тоа дека секој кој што ќе погледне барем еден дел ќе го натера да се зацрвени, да размисли и можеби да разговара за тоа што го видел.
За сите оние што ја имаат ХБО на кабловските канали, а сакаат да го следат серијалот во 22.55 нека не го пропуштаат „Урбаниот секс“.
10.11.2008