Атрактивниот Бред Пит се прошета со новиот изглед: ретки мустаќи кои ги порасна за потребите на новиот филм Inglourious Basterds во кој игра американски поручник од Втората светска војна.
Филмот што го режира
Квентин Тарантино ги следи доживувањата на група американско-еврејски војници познати под името Basterds кои се нашле зад непријателските линии, каде сејат страв и трепт скалпирајќи и брутално убивајќи нацисти.

А, дека за
Бред ова ќе биде прилика да се покаже и во друго светло, понепривлечно, доволно говори и неговата реченица која се појави од снимањето на филмот:
„Секој човек под мое заповедништво ми е должен сто скалпови од нацисти и вие ќе ми донесете сто наци-скалпови, ќе пресечете сто глави од мртви нацисти или ќе умрете обидувајќи се“.
Завршетокот на римејкот на истоимениот италијански филм што го работи Тарантино е најавен за јуни следната година. Кога и засекогаш треба да се „врати“ и најсекси мажот на целиот свет – Бред Пит.
9.11.2008