Многу технологии кои денес ги користиме се развиени за потребите на војската. Научниците во американската војска развиваат технологии кои досега сме ги гледале само во научнофантастичните филмови.
Списокот на работите на кои моментално се работи е неверојатен. Се истражува регенерација на телата по пат на нано – роботи, телепатија индуцирана со електронски импулси, интелигентна виртуелна фотореалистична војска, чија задача ќе биде да се збунат непријателите на воените полиња, и многу други.
Виртуелната војска Американците сакат да ја тестираат во популарните игри како што е World of Worlcraft.
„Сакаме да употребиме масовни, мулти плеер игри како експериментална лабораторија и да видиме дали нашите војници се доволно добри за да ги уверат луѓето дека и тие се луѓе, дека можат да размислуваат, дека имаат емоции и дека зборуваат на локален сленг. Јас всушност можам да комуницирам со виртуелни луѓе, да им поставувам прашања, а тие да одговараат“, вели д-р
Џон Парментола, директор на истражувачката лабораторија во американската војска.
Кока ќе ги усовршат војниците, ќе ги испратат во битка, користејќи технологија под името „quantum ghost imaging".
Тоа ќе овозможи создавање реалистички холограми од ништо со „спарување на фотони кои не се одбиваат од предметите, туку од други фотони“. Парментола тоа го објаснува како некој вид прецртувања. Виртуелните војници можеме да ги очекуваме во блиска иднина.
Останатите проекти на кои работи војската се еднакво неверојатни. Постојат многу шпекулации, а Парментола потврди дека работат на бришење на лошите сеќавања, што на војниците ќе им помогне да ги заборават траумите од фронтот. Тоа се и апарати кои ќе ги пренесуваат мислите на војниците по пат на електрични сигнали, кои што ќе можат да ги примаат и останатите војници за време на тајните мисии.
Еден од проектите кој е во својот зародиш е регенерација на делови од телото, преку користење на нано – честички како арматура околу која растат човечките клетки. Научниците со овој проект не се отидени далеку, но кога еднаш ќе го развијат, целото човештво може да има корист од тоа.
7.11.2008