Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Џорџ В. Буш девет години беше на чело на САД, а за тоа време, нанижа завидна количина на „бушизми“ - бесмислени изјави кои го забавуваа цел свет. Додека беше на лидерската позиција во САД, беше овековечен и на голем број несериозни фотографии.

Буш своевремено изјави дека не сака другите да му ги ставаат зборовите во уста, освен ако тој сам тоа не го каже.


Претседателот на САД во заминување за своите придонеси во блискоисточниот мировен процес, рече дека кога треба тој може да притисне, а кога е потребно и да држи некого за рака.

„Слушнав дека некој праша каде е Нелсон Мендела? Па Мендела е мртов, бидејќи Садам ги уби сите Мандели“, рече Буш за поранешниот претседател на Јужноафриканската република, кој се уште е здрав и жив.


Буш честопати забораваше каде се наоѓа, па австралиските трупи ги замени со австриски, самитот на Апек со Опек, а Словенија со Словачка. Во аа прилика не знаеше ни да го пронајде излезот од собата во која беше со австралиските колеги.


Дека политиката не е негова единствена сфера на интерес, покажа занимавајќи се со хемисферата. Изјави дека е благодарен бидејќи и неговиот брат Џеб истотака е загрижен за хемисферата. Буш заклучи дека природниот гас е хемисферичен. Додаде дека сака да го вика хемисферичен по природа зошто тоа е производ кој може да се најде во соседството.


Се занимаваше и со објаснувања на нацијата за важноста на животот, и тоа не само животот на бебињата, туку и на децата кои живеат во темните зандани на интернетот. Буш тврди дека знае оти човечко суштество и риба можат мирно да коегзистираат.


Еве дел од неговите славни цитати:

„Амерканците во Ирак ги дочека добредојде, само не мирно добредојде“.

„Поминуваме многу време разговарајќи за Африка, што така и треба. Африка е нација која боледува од неверојатна болест“.


„Често ме прашуваат зошто САД се грижи за тоа што луѓето умираат од маларија во места како Гана. Значи многу, значи многу морално, значи многу од...тоа е во нашиот нацинален интерес“.

„Двајцата користиме паста Колгејт“ (одговори Буш на прашањето што има заедничко тогашниот британски премиер Тони Блер)


„Видете јас не морам да објаснувам зошто го зборувам, она што го зборувам. Тоа е интересна работа кога си претседател„.

„Овде сум за да ве известам дека овој четврток шалтерите и авионите ќе одлетаат од аеродромот Роналд Реган“.


„Потребен ни е закон за енергија, кој ќе ја поттикнува нејзината потрошувачка“

„А имате ли и вие црнци?“ – го праша Буш бразилскиот претседател Фернандо Кардосо.


„Го имам Божјото рамо за плачење. И многу плачам. Многу плачам на оваа работа. Се обложувам дека како претседател сум излеал многу повеќе солзи, отколку што вие можете да изброите“.

„Јас не сум аналитичен. Не минувам многу време размислувајќи за себе и зошто правам некои работи“.


„Нашата најважна работа е да го најдеме Осама бин Ладен. Тоа ни е најважен приоритет и нема да мируваме додека не го најдеме“.

„Не знам каде е Бин Ладен. Немам поим и не ми е гајле. Тоа не е важно. Тоа не е наш приоритет“.


„Најдовме оружје за масовно уништување. Најдовме лабораторија и ќе најдеме уште оружје. Оние кои мислат дека не сме нашле оружје, се лажат. Најдовме оружје, а не како што мислат другите. Оружјето за масовно уништување мора да е тука некаде“.


„Видете во мојата работа мора постојано да повторувате работи за вистината да потоне на дно, за некако даја катапултирате пропагандата“.




4.11.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika