Редовни посетители сте на многу веб сајтови кои ви нудат пристап до професионални и аматерски секси видео снимки? Постојано сте во потрага по голи фотографии на интернет? Се чувствувате некако ’down’? Е, па...
Според некои сознанија, за таква состојба токму главен виновник би можело да биде вашата стална потреба за онлајн голотија.
До наведениот заклучок дојде
Маркус Сквирел, кој подготвува докторат на Технолошкиот универзитет Свинбурн во Мелбурн, а кој за потреба на својата студија испита 1.325 Австралијци и Американци за нивните навики поврзани со онлајн сексот и нивната општа психолошка состојба.
На испитаниците Сквирел им поставил прашања поврзани со гледање на секси видео снимки и слики, учествување во муабет (chat) собите ’за возрасни’, како и секси комуникации со останати корисници преку веб камери.

Исто така, побарал според своето мислење да ја изразат психолошката состојба, конкретно поврзана со депресија.
Според сознанијата од оваа студија, од вкупниот број на испитани, а кои редовно практикуваат некој облик на сајбер секс активности, 27 % патат од сериозна и умерена депресија, 30 % патат од тегоби, додека 35 % патат од стрес.

Наведеното го доведе Маркус Сквирел до заклучок дека главниот виновник за депресивната состојба на лицата кои практикуваат некој облик на сајбер секс е всушност – сајбер сексот.
3.11.2008