Драстично намалување на производството по колапсот на продажба поради финансиската криза најавија француските производители на автомобилите “Рено“ и “Пежо-Ситроен“.
“Рено“ најави дека до наредната недела ќе ги “затвори речиси сите“ француски фабрики на една до две седмици, изјави претставник на синдикатот кој ги застапува работниците во овие погони.
“Прва ќе биде затворена фабриката во Ле Ман, чии капии се заклучени за 15 дена, а фабриката во Фленс, исто така, нема да работи две седмици“, изјави претставникот на синдикатот Фабијан Гаше.
Ле Ман, во северна Франција, и Фленс, во близина на Париз, се меѓу двете најголеми фабрики на автомобили во Франција.
Гаше изјави дека третата ќе биде затворена на седум дена, а четвртиот погон на “Рено“ веќе работи со половина капацитет.
Француската групација “Пежо-Ситроен“ денеска соопшти дека наредила масовно намалување на производството по падот на продажбата поради финансиската криза.
Управата на групата побара “масовно намалување на производството“ во четвртото тромесечје во рамки на “вонредниот акционен план“ за ублажување на последиците од намалување на продажбата.
“Пежо“ проценува дека во четвртото тромесечие годинава во Европа, продажбата на автпмобили ќе падне за 17 проценти и осум проценти во текот на целата година.
Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
24.10.2008