Како што велат англиските медиуми, одложувањето на преговорите за нов договор со Бенитез може да се одрази и на неговиот сонародник, кој воедно е и најефикасен фудбалер во клубот.
Sunday Mirror вели дека пропаѓањето на преговорите со тренерот за нов договор ќе ги поттикне клубовите ширум Европа да испратат понуди за шпанскиот репрезентативец.
Манчестер Сити беше поврзуван со Шпанецот и претходно, но сега се чини дека ако
Бенитез не потпише договор, популарниот Ел Нињо нема да има некоја голема причина да остане на Енфилд Роуд.
Навивачите на Ливерпул исто така стравуваат дека американските сопственици би прифатиле богата понуда за
Торес затоа што финансиските проблеми во светот се одразија и врз нив, а прв знак за тоа беше откажувањето на изградбата на нов стадион.
13.10.2008