Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Оригинал истражувачко новинарство на македонски начин. Српскиот весник Ало на 8 октомври објави статија за приликите со проституцијата во Белград, а истата статија скопски Вечер преведена и приспособена ја објавува неколку дена подоцна.... како да е направена за Скопје!

Разлики во статијата постојат само при градовите Белград – Скопје, потоа „Kako „Alo!“ saznaje“ е приспособено во „Како што дознава ВЕЧЕР“ и бројот на проститутки од 1500 во Белград е смален на 500 за Скопје. Со кои тоа методи е изведена оваа бројка, засекогаш ќе остане мистерија.

Како извадоци, ќе наведеме дел од статиите на двата весници.

Ало: Najmlađa evidentirana prostitutka ima 14, dok najstarija ima 63 godine.
Вечер: Најмладата евидентирана проститутка има 14, а најстарата полни 64 години.

Ало: Posle policijske prijave i privođenja prostitutke odlaze u zatvor najduže do mesec dana, a posle sve po starom.
Вечер: После полициските пријави и приведувањата проститутките заминуваат во затвор најдолго до месец дена и потоа се по старо.

Дури и српските полициски соговорници, се соговoрници и за Вечер.

Ало: Тeritorija je striktno podeljena po rejonima, rivalstvo je veliko, a sukobi „poslovodnih organa“ učestali. Novac se deli po principu pola devojci, pola makrou, mada zarada devojke često podleže dodatnom „oporezivanju“, ukoliko makro nije zadovoljan radnim učinkom. Policija se svim sredstvima trudi da iskoreni ovaj problem društva - kažu u policiji.

Вечер: "Територијата за работа е стрикно поделена на реони, а ривалството е големо, дури има и судири на криминалните банди кои се бават со овој вид на организиран криминал. Парите се делат по принцип пола за девојката пола за макрото, но најчесто заработката на девојката подлежи на дополнително оданочување од подведувачот ако тој не е задоволен од нејзината работа", објаснуваат полициските соговорници.

И така натаму, буквално целата статија е преведена, со тоа што на крајот клучните реони каде се собираат проститутките во Белград е заменето со реоните во Скопје, каде што има и вакво нешто:

Ало:
Saloni za „masažu“ u Beogradu:
1. Ulica Vojislava Ilića
2. Ulica Svetozara Ćorovića
3. Zgrada na uglu Skadarske i 29. novembra
4. Dalmatinska ulica
5. Vojvođanska ulica, gde je salon nalik javnoj kući.
Na ovim lokacijama devojke pružaju oralno zadovoljstvo za 60 evra, dok seks košta 120 evra.

Вечер:
Салони за "масажа" во Скопје
1. Салон на улица Македонија
2. Салон близу Грчкиот конзулат
3. Зграда во населба Карпош 3
На овие места девојките пружаат орално задоволство за 60 евра, додека сексот чини 120 евра.

Истражувачко новинарство а?

Ало:
Kликнете на сликата за да се зголеми
кликнете на сликата за да се зголеми


Вечер:
Kликнете на сликата за да се зголеми
кликнете на сликата за да се зголеми




13.10.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika