Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

По највозбудливот старт досега сезонава, и уште неколкуте контроверзни и казнети преминувања, Фернандо Алонсо изненадувачки стигна до неговата втора по ред победа оваа сезона, 21 во кариерата.

Уште бурниот старт најавуваше интересна трка, во кој Хамилтон прво ја изгуби пол позицијата што ја имаше од Раиконен, но до првиот свиок ја врати за повторно да ја изгуби од Алонсо и Кубица.


Но, тука не запреа возбудувањата. Веќе во вториот круг, при една шикана, Маса имаше допир со Хамилтон по што Британецот се изврти и излезе последен, па мораше и да влегува во бокс за да менува гуми.

За тој инцидент беа казнети и двата возачи со казна поминување низ бокс.

До првото влегување во бокс, лидер на трката беше Роберт Кубица со неговото БМВ, но со одличната тактика на Рено, Алонсо излезе прв после боксовите и така ја заврши и трката.

По сите овие инциденти, Хајки Ковалаинен излезе трет, но немаше среќа, бидејќи му откажа моторот па мораше да ја заврши трката предвреме.

Фелипе Маса имаше уште еден инцидент, при последното излегување од бокс имаше допир со Себастијан Бурде, за што Бурде беше казнет за невнимателно возење.

Во последните кругови најтешка работа имаше Фелипе Маса, кој од дванаесеттата позиција, успеа да стигне до седмата со што освои два поени за разлика од Луис Хамилтон кој трката ја заврши на 12 позиција и не освои ниту бод.

На само две трки пред крајот, Луис Хамилтон останува во водство со 84 поени, пет повеќе од Маса кој има 79, и 12 повеќе од Кубица кој сега се доближи до водечките за освојување на титулата.

Во борбата на конструктори, Ферари се врати на врвот со 142 поени, седум повеќе од Мекларен кои имаат 135, додека БМВ се трети со 128.

Следната трка се вози идната недела во Кина, која исто така се очекува да биде доста возбудлива, а можеби и одлучувачка.



Наум Баварец/Таратур

12.10.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika