Во третото коло од квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во 2010 во Јужна Африка, фаворитите беа речиси секаде поуспешни. Во нашата група, Шкотска и Норвешка ремизираа.
Ова коло во нашата група 9 испадна можеби најдобро за нас.
Шкотска ремизираше без голови со Норвешка на домашен терен, додека
Холандија рутинирано го победи Исланд со 2-0, со головите на
Матејсен и
Хунтелар.
Сега на врвот останува Холандија со 6 поени од две кола, втора е Шкотска со 4 поени од 3 кола, а трета е Македонија со 3 поени од две кола. Норвешка има 2 бода од исто толку меча, а Исланд има само бод.
Англија го совлада Казахстан со 5-1, со головите на
Фердинанд, два на
Руни, еден на
Дефо и автогол на
Кучма, додека голот за Казахстан го постина
Кукеев. Во истата, група 6, се одигра и натпреварот Украина - Хрватска кој заврши без голови. Англија останува на првата позиција со 9 поени од три кола, додека Украина е втора со 7.
Во натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур,
Германија ја победи Русија со 2-1, со головите на
Лукас Подолски и
Михаел Балак за Германија, а
Андреј Аршавин успеа само да постигне почесен погодок.
Во истата група 4, Финска го совлада Азајберџан со 1-0, а Велс го победи Лихтенштајн со 2-0. На првото место останува Германија со 7 поени од 3 кола, пред Велс кој има 6, трета е Финска со 4, исто колку и Русија.
Италија не успеа да стигне до трите поени во Софија, против Бугарија. Бугарите ги задржаа Аѕурите на
резултат од 0-0, а во истата група 8, Грузија и Кипар одиграа нерешено 1-1. Италија останува прва со 7 поени од 3 кола, пред Ирска со 4.
Франција едвај извлече бод во Романија, откако Романците водеа со 2-0 со головите на
Петре и
Гојан, но Французите изедначија преку
Рибери и
Гуркуф. Србија славеше со 3-0 против Литванија во истата група, додека Фарските Острови го направија најголемото изненадување ремизирајќи 1-1 со Австрија. Сега во групата 7, први избија Србите со 6 поени исто колку и Литванија, додека Австрија, Романија и Франција имаат по 4.
Чесите загубија во Полска со 2-1. Головите за Полјаците ги постигнаа
Брозек и
Блажиковски, за Чешка прецизен беше
Фенин. Словенија ја совлада С. Ирска со 2-0 во истата група, додека Словачка резервирано славеше со 1-3 во Сан Марино. Сега Полска останува на првата позиција со 7 поени од трите кола, исто колку и Словенија, пред Словачка која има 6. Чешка е на четвртата позиција со само 1 поен.
Шпанија славеше на гостински терен кај Естонија со 3-0, со головите на
Хуанито, Давид Виља и
Пујол, а во истата група
Турција славеше над Босна и Херцеговина со 2-1, и Белгија беше поуспешна од Лихтенштајн со 2-0.
Во групата 2, Швајцарија славеше над Латвија со 2-1, Израел го победи Луксембруг со 1-3, додека Грција победи со 3-0 против Молдавија. Во групата 1, Португалија одигра нерешено само 0-0 со Шведска, а Унгарија славеше против Албанија со 2-0 и Данска со Малта со 3-0.
Следното коло од квалификациите се игра во вторник и среда, кога македонската репрезентација гостува во Рејкјавик каде што ќе игра против Исланд.
Наум Баварец/Таратур
12.10.2008