Иако често можеме да слушнеме дека со штедливите светилки можеме да заштедиме енергија, Британците предупредуваат на нивната штетност. Британската агенција за заштита тврди дека предизвикуваат црвенило на кожата.
Во Британија е објавен извештај за тоа дека штедливите светилки имаат свои мани.
Директорот на
Агенцијата,
Џастин Меккрекен вели дека е спроведено истражување при кое е откриено дека изложеноста на штедливите светилки предизвикува црвенило на кожата, бидејќи некои емитуваат повеќе УВ зраци од дозволеното.
Доколку се користат подолго време во близина на телото, предизвикуваат црвенило, а од Агенцијата посебно ги предупредуваат луѓето кои пред спиење читаат со ноќни столни ламби.

Покрај нив, загрозени се и илјадници работници, како на пример производителите на накит, кои работат со раце и ги користат светилките во непосредна близина на телото. Добра вест е дека тие не предизвикуваат рак на кожата, соопшти агенцијата
„Најлошиот ефект што може да го предизвикаат овие светилки е црвенило на кожата. Не веруваме дека светилките можат да предизвикаат рак на кожата“, изјави директорот.
11.10.2008