Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Интересни резултати имаше на првите слободни тренинзи во Јапонија. Луис Хамилтон беше прв на првиот утрински тренинг на патеката Фуџи во Јапонија, а интересно беше што првите 19 беа во 1.995 секунди растојание.

Англичанецот со неговиот Мекларен извози 1м 18.910с само 0.153с пред неговиот конкурент за титулата, Фелипе Маса. Бразилецот извози 1м 19.063с со неговото Ферари и беше пред вториот Мекларенов возач Хајки Ковалаинен (1м 19.279с), Кими Раиконен од Ферари (1м 19.399с) и парот од Рено, Фернандо Алонсо (1м 19.473с) и Нелсињо Пике (1м 19.743с).

Останатите 13 болиди беа измеѓу 1м 20 секунди, предводени од Себастијан Фетел од Торо Росо. Младиот Германец имаше време од 1м 20.121с, следен од Роберт Кубица од БМВ (1м 20.160с), неговиот тимски колега Себастијан Бурде (1м 20.182с), возачот на Вилиамс Казуки Накаџима (1м 20.217с), помалце изненадувачкиот резултат на Адријан Сутил од Форс Индија (1м 20.288с), Нико Розберг (1м 20.350с), Марк Вебер (1м 20.620с), Ник Хајдфилд (1м 20.628с), Јарно Трули (1м 20.657с), Рубенс Баричело (1м 20.753с), Џенсон Батон (1м 20.769с), Тимо Глок (1м 20.823с) и Дејвид Култхард (1м 20.905с).

Надвор од групата беше само Џанкарло Физикела од Форс Индија со 1м 21.014с.

На големо изненадување, овој тренинг се одржа на топло и суво време, но и покрај сувата патека многу возачи излетаа кога малце ке излезеа од линијата на движење. Хамилтон, Раиконен, Маса, Сутил, Глок, Пике, Хајдифлд и Бурде сите имаа по една грешка и излетување, но Хајдфилд беше единствениот кој направи „пируета“.

Во вториот тренинг пак, Тимо Глок со неговата Тојота (на домашен терен за Тојота) успеа да стигне до најбрзото време на денот. Глок, со новиот мотор по користењето на џокерот за промена, кругот го извози за 1м 18.383с пред Фернандо Алонсо кој со неговото Рено извози 1м 18.426с.

Нивната трка ги стави водечките Луис Хамилтон (1м 18.463с) и Фелипе Маса (1м 18.491с) на третата и четвртата позиција, додека зад нив беа Кими Раиконен (1м 18.725с) Марк Вебер и Казуки Накаџима (1м 18.734с заедно).

Себастијан Фетел со неговото Торо Росо беше осми (1м 18.761с), следен од Хајки Ковалаинен (1м 18.803с), Јарно Трули (1м 18.863с), Роберт Кубица (1м 18.865с), Нелсон Пике (1м 18.888с) и Нико Розберг (1м 18.981с).

Тринаесетти беше Себастијан Бурде со време од 1м 19.040с, бркан од Рубенс Баричело (1м 19.258с), Адријан Сутил (1м 19.287с), Дејвид Култхард (1м 19.327с), Џанкарло Физикела (1м 19.482с), Ник Хајдфилд (1м 19.894с) и Џенсон Батон (1м 19.999с).

Овој пат само 1.616 секунди ги делеа сите 20 автомобили, а повеќето разлики се правеа заради загреаноста на гумите.

Исто и овој пат имаше неколку помали инциденти, како што Вебер, Бурде, Фетел, Глок, Алонсо, Физикела и Баричело се обидоа да возат „оф-роуд“.

Со резултатите од овие тренинзи, формулата станува се поинтересна за гледање бидејќи тимовите речиси се изедначија.


Гледајте ги утре квалификациите во 7.00 по македонско време, и не ја пропуштајте трката в недела во 6.30.

Наум Баварец/Таратур





10.10.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika