Глушецот кој требало да биде змиски ручек, покажал неверојатна борбеност и сила. Како во цртаните, не се предавал и по половина час од тешката борба излегол неповреден и како победник.
Малиот глушец бил фрлен во кафез за да биде храна за змијата, но верувале или не, успеал да ја убие.
Тајванските пожарникари случајно уловиле змија отровница, долга околу 35 сантиметри, и ја ставиле во кафез да не избега. Подоцна фатиле и глушец и го фрлиле во кафезот за да биде појадок на змијата.
Но глушецот кога останал сам со змијата во кафезот одеднаш станал агресивен. По 30-минутна борба во која глушецот немал ниту гребнатинка успеал да ја убие змијата.
Глушецот во кафезот постојано ја напаѓал змијата, притоа често ја гребел и гризел. На крајот успеал да ја убие, па наместо тој да и биде ручек, таа му станала жртва.
„Можеби го потрошила отровот кога ја фативме, а можеби беше неискусна во совладување на пленот“, изјави шефот на пожарникарите.
10.10.2008