Половина литар водка, колку што испил за само 20 минути заради облог, го чинело живот 19-годишниот британски студент по психологија.
Како што пренесуваат британските медиуми,
Џејсон Венеција се обложил во 40 фунти дека може да испие 0.75 литри водка така што секои 45 секунди ќе пие по една чашка на екс.
По 15 чашки вотка, односно половина литар водка, веќе не можел да стои ниту да зборува, па затоа неговите пријатели го ставиле в кревет. Го проверувале на секој 15 минути бидејќи стравувале дека може да се задуши од своите повраќаници.
Пријателот останал со него следното утро го пронашол мртов. Сепак, причината не било загушување, туку труење од алкохол.
Обдукцијата покажала дека во крвта имал шест пати повеќе алкохол од дозволената количина, односно 4.99 промили. Неговата смрт е прогласена за несреќен случај.
Родителите на починатиот студент,
Енио и
Џоан Венеција, бараат законската граница за конзумирање алкохол да се помести од 18 на 21 година.
„Не обвинуваме никого, но сметаме дека треба да ја сузбиеме таа култура на студентско опивање. Младите треба да знаат дека таквите игри со алкохол можат да бидат смртоносни“, изјави мајката на Џејсон.
9.10.2008