Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Официјално Скопје засега нема реакции во врска со последниот пакет идеи за решавање на разликите со Грција околу името, што медијаторот Метју Нимиц ги достави во средата.

Извори во Владата и во кабинетот на шефот на државата не беа достапни за информација што Макфакс се обиде да ја добие.

Државниот врв не изгради единствен став на консултациите пред последната рунда преговори што Нимиц ја одржа неделава во Њујорк.

На прашање дали неусогласената позиција на македонскиот државен врв негативно се одразила на преговарачкиот процес, Нимиц одговори дека тоа се внатрешни прашања што немаат не влијание врз процесот што го води.

„Мојата задача е да се бавам со преговорите меѓу две земји, држави членки во Обединетите нации“, изјави Нимиц во средата во Њујорк.

Официјална Атина вчера го соопшти ставот дека идеите на Нимиц ги проценува со „внимание и конструктивен приод“ и ќе го извести за своите заклучоци во скоро време.

Конзервативниот атински весник „Катимерини“ објави денеска дека првата грчка реакција на предлогот на Нимиц е позитивна. Според весникот, на предлогот на Нимиц позитивно се гледа и во Скопје.

Предлогот на Нимиц го вклучува името „Република Северна Македонија” за меѓународна употреба, а уставното име на Македонија за внатрешна и за употреба во билатералните односи со трети страни, кои ќе одлучат да го користат името Република Македонија, наведува „Катимерини’“.

Во пасошите се предлага името да биде испишано на три начини: Republic of Northern Macedonia, Republic of Macedonia, Republika Makedonija.

Весникот посочува дека дел од предлогот на Нимиц, што може да предизвика незадоволство во Атина, е јазикот да биде наречен “македонски”.



Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.


9.10.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika