Германскиот аналитичар за Балканот Франц Лотар Алтман изјави дека усвојувањето на резолуцијата на Обединетите нации со која од Меѓународниот суд на правдата се бара оцена на легалноста на прогласувањето на независностa на Косово претставува многу добар потег на владата на Србија, пред се на внатрешно политички план.
“Тоа исто така ќе биде причина државите кои сега размислувале да го признаат Косово малку да се повлечат“ рекол Алтман за Дојче Веле.
Сепак германскиот експерт смета дека неодамнешното признавање од Португалија и најавите кои стигнуваат од Македонија и Црна Гора претставуваат пораки дека е состојбата на теренот е таква каква што е без обѕир на тоа што Србија го поставила прашањето на Меѓународниот суд.
“Ни Србија ни Косово нема да влезат во Европската унија се додека прашањето за Косово не се реши бидејќи Брисел не сака уште една хронична конфликтна ситуација како што е Кипар“ рекол Алтман.
Тој смета дека постојат многу правни форми и облици кои би можеле да се предложат и вели дека би можело решение да биде “Унија на Косово и Србија“ кое во основа би подразбирало независност на обете држави, нешто како Државна заедница на Србија и Црна Гора“.
На прашањето дали тоа би подразбирало нови преговори на Белград и Приштина, германскиот експерт рекол дека мора да се пронајде било каков мост.

9.10.2008