(Фото: Курир)
Млада српска полицајка, која сакајќи да се одмазди на некојси Боки, со својот нов љубовник снимила приватно порно видео. Но, видеото стаса до српските таблоиди.
Во нешто помалку од 60 секунди, младата гола полицајка, чие име српскиот Курир не го објави, се преместува од едниот до другиот агол на собата во потрага по поосветлена и поизострена слика, додека камерата од мобилниот телефон ја следи.
Потоа се слуша гласот на партнерот кој ја снима, како нервозно и порачува дека „ништо не се гледа“ и да ја крене главата. Таа го соблекува последното парче облека и стои целосно гола покрај прозорец.

Во следниот кадар голата полицајка ја покажува својата значка на која се гледа нејзиното име, слика, но и бројот на значката. „Ова е само за Боки“, додава снимателот.
Бидејќи квалитетот на снимката е лош, новинарите од Курир се обратиле до српското МВР за да го проверат идентитетот на девојката и се обиделе да дознаат дали станува збор за активна полицајка или службената легитимација е можеби фалсификувана. Но засега немаат никаков повратен одговор.
9.10.2008