Европскиот шампион сака да го доведе фудбалерот од средниот ред на Виган уште во јануари, а доколку тоа не се случи зимава, ќе го доведе на крајот од сезоната.
Близок пријатал на
Паласиос потврди за The Sun дека од Манчестер Јунајтед сакале да го купат уште ова лето, но
Стив Брус очајнички се обидувал да го задржи уште една година, што очигледно му успеало.
„Брус и
Фергусон имаат договор, тие се навистина блиски и помеѓу нив се е договорено“, изјави пријателот на фудбалерот и продолжи: „Јунајтед го следи Вилсон веќе подолго време. Тој ќе дојдеше уште ова лето, но како што кажав, Брус сакаше да го задржи уште 6 или 12 месеци“.
„Сеуште нема ништо потпишано, но има морална согласност помеѓу двете страни. Виган одреди цена од 18 милиони и најверојатно трансферот ќе биде комплетиран уште во јануари“.
Репрезентативецот на Хондурас дојде во Виган минатата зима од Бирмингем за само 1 милион евра
8.10.2008