Според медиумите во Англија, Манчестер Сити подготвува понуда со која ќе се обиде да го привлече Французинот уште во јануарскиот преоден рок.
Како што извести Daily Mail, менаџерот на Сити,
Марк Хаџис, го потенцирал Анри како одговор за проблемот со неговиот тим.
Светло сините се чувствуваат разочарано по пресвртот на Ливерпул во изминатото коло, кога Сити загуби со 2-3 по предноста од 2-0.
Фернандо Торес беше човекот кој им даде два гола на Сити, додека третиот го постигна
Дирк Кајт во продолжението.
Токму шпанскиот напаѓач е многу споредуван со
Тиери Анри, уште откако дојде во Англија и се шпекулира дека и тој е на листата на играчи кои газдите од Сити ги посакуваат.
Но бидејќи врската меѓу Торес и Ливерпул изгледа дека тешко ќе се раскине, Хаџис сака да го ангажира францускиот напаѓач кој додека играше за Арсенал постигна 174 голови.
Анри дојде во Барселона во 2007 година, но не успеа да се снајде на Камп Ноу баш како што посакуваше. Тој сепак не е ни толку лош, има постигнато 22 гола и има 12 асистенци за само една сезона, но не е задоволен од крилната позиција што ја добива, а и му недостига неговата ќерка
Теа која живее во Лондон со нејзината мајка.
Сити беа силно заинтересирани за Анри во изминатово лето, но тогашниот сопственик
Шинаватра беше загреан да го донесе
Роналдињо, па на крајот остана и без двајцата.
Иако Анри има 30 години, сепак во премиерлигашот сметаат дека заедно со
Робињо ќе претставуваат вистинска закана по противничките одбрани.
А со парите кои ги има Абу Даби Јунајтед групацијата, Граѓаните нема да имаат проблеми да платат колку и да побара Барса за овој играч.
Хаџис по се изгледа ке бара и нов голман, бидејќи како што се развиваат работите
Каспер Шмајхел во јануарскиот преоден рок ќе си замине од Сити.
Наум Баварец/Таратур7.10.2008