Нашиот премиер денес се сретна со потпретседателот на Европската ракометна федерација и претседател на Европското првенство 2008 кое ќе се одржи во Македонија.
Премиерот
Груевски и човекот кој е претседател на организациониот одбор за Еуро 2008
Жан Брихолт потпишаа договор со кој нашата земја се обврза успешно да го организира ова престижно натпреварување.
Со потпишувањето на договорот, македонската влада се обврза на целосна финансиска поддршка кон нашата ракометна федерација. Исто така Владата ќе мора да обезбеди ТВ сигнал од турнирот кој ќе биде гледан од милиони луѓе ширум Европа.
Македонската национална телевизија ќе биде одговорна за сите преноси од Европското, а финансиите ќе се обезбедат од државната каса.
Брихолт го заврши историскиот (за нас) состанок со зборовите: „Ова Европско првенство ќе биде едно од најдобрите досега. Европа ќе биде презадоволна од топлата и гостопримлива природа на вашата земја и нејзините граѓани“.

Европското првенство 2008 ќе започне на 2 декември, а ќе се одржи во ракометните сали во Скопје и Охрид.
7.10.2008