Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Според англиските и италијанските медиуми, во јануарскиот преоден рок Челзи, по препорака од тренерот, ќе понуди најмалку 10 милиони фунти за Езекиел Лавец од Наполи.

Спортскиот директор на Челзи Френк Арнесен овие денови крстари низ Европа во потрага по напаѓач кој ќе го засили европскиот вицепрвак уште во јануарскиот преоден рок.

Според Daily Mirror и Daily Sport препораката на Сколари е Аргентинецот Лавеци. 23-годишен фудбалер, кој како и многумина, го нарекуваат ’новиот Марадона’, но тој е скромен и себеси се споредува само со Карлос Тевез. Напаѓачот игра во Италија од 2007 кога Наполи за релативно мал износ го донесе од екипата на Сан Лоренцо.

Договорот со клубот му трае до 2013 година, а со оглед дека Лавеци е се подобар и подобар, 10 милиони фунти колку што нуди Абрамович изгледа дека нема да бидат доволни. Исто како што претходно претседателот на Наполи ја одби понудата на Абрамович за Марек Хамшик.

Меѓутоа, Челзи е краток со напаѓачи затоа што Дрогба се повреди, а Анелка и Калу не се константни фудбалери. Секоја чест на Скот Синклер, Мирослав Сточ и Франко Ди Санто, но според многумина овие играчи не се доволно добри ни за да бидат резерви во Челзи.

Анелка оваа сезона постигна четири голови, а Калу само еден што е доволна причина за Сколари да доведе ново лице во клубот и да го натера сопственикот уште еднаш да го одврзе кесето.
6.10.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika