Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Големиот хуманитарен меѓународен концерт насловен „Те сакаме сите Тоше“ кој вчера се одржа на Градскиот стадион во Скопје во чест на македонската музичка икона Тоше Проески собра над 40.000 илјади луѓе од земјава и регионот кои скоро четири часа пееја за него.

Желбата на македонската легенда со својата музика повторно да го наполни Градскиот стадион посакана на 5 октомври минатата година на неговиот последен концерт пред домашната публика синоќа се оствари.

Петти октовмри да стане ден на хуманост и музика - е пораката што ја пренесе вчерашниот концерт.

Во чест на Тоше, кој го загуби животот минатата година на 16 октомври во сообраќајна несреќа во Хрватска, вчера на Градскиот стадион во Скопје настапија Калиопи, Симон Трпчески, Аки Рахимовски, Адријан Гаџа, Руслана, Синтезис, Биља Крстиќ, Марија Шестиќ, Бојан Маровиќ, Гоца Тржан, Тони Цетински, Нина Бадриќ, Жељко Самарџиќ,..., оркестарот на Македонската опера и балет под диригенство на Саша Николовски - Ѓумар, како и бендот на Тоше.

На концертот беше поставена и 40-метарска бина со лед екрани и друга техника од близу 60 тони.

Пред почетокот на концертот на присутните им се обрати претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски на кој од страна на Фондацијата му беше доделена специјална статуетка која симболизира хуманост.

Покрај седумте издадени албуми на македонски јазик „Некаде во ноќта“, „Синот Божји“, „Ако ме погледнеш во очи“, „Ден за нас“, „По тебе“, „Божилак“ и „Игри без граници“, како и изведба на голем број странски хитови Тоше беше амбасадорот на добрата волја на УНИЦЕФ и постхумно прогласен за почесен граѓанин на Македонија.

Со вечерашниот концерт почнуваат и активностите на Меѓународната фондација „Тоше Проески“, која ќе се грижи за ликот и делото на Тоше.

На концертот, покрај настапите на пејачите од земјава и странство, допатува и Енди Рајт музичкиот продуцент на Тоше за неговиот албум на англиски јазик. На концертот беше исполнета уште една желба на Тоше - премиерна изведба на дуетот на англиски јазик со неговиот внук Кристијан.

Музичкиот спектакл директно го пренесуваа над 20 земји - држави од поранешна СФРЈ, но и Кипар, Бугарија и Романија, а сигналот го преземаа бесплатно 180 телевизии преку сателитот на Македонската телевизија како медиумски покровител. За време на концертот преку он лајн мост директно на Градскиот стадион се вклучија телевизии од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија.



Преку отворените донаторски линии на бројот 143-100 од мрежата на Космофон, ВИП, T-Home и Македонски телекомуникации со или без префикс граѓаните можеа да донираат 100 денари кои Комисија формирана од Министерството за култура и Фондацијата „Тоше Проески“ по завршувањето на концертот треба да одлучи каде ќе ги донира.

Покровител на концертот беше Владата на Република Македонија и Министерството за култура, а организатор Меѓународната фондација Тоше Проески - Крушево.



Вест и фото: МИА

6.10.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika