Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Фудбалерите на Севиља го декласираа Атлетик Билбао со 4:0, додека екипата на Спортинг Хихон ги забележа првите бодови во оваа сезона.

На стадионот Рамон Санчес Пишуан Севиља лесно излезе на крај со Билбао. Кануте во 26 минута го отвори резултатот, а Ренато во 40 минута веќе го реши победникот. Во последните 15 минути Адриано и Шевантон само се погрижија за триумфот на домашните да биде уште поубедлив.

Хуан Валера во 90 минута го постигна одлучувачкиот гол за Расинг, а на победата на тимот од Сантандер влијаеше и исклучувањето на Плашил во 39 минута, поради што Осасуна го заврши натпреварот со десет фудбалери.

Спортинг Хихон најпосле дојде до првите бодови. За триумфот во Мајорка заслужни се Кармело и Суарес кои со своите голови го поместија Спортинг од мртвата точка. Сега последен е Бетис со 2 бодови.

Чико и Негредо во 87 и 90 минута го нокаутираа Гетафе, а Алмерија извлече еден бод. Претходно Уче и Каскеро ги постигнаа головите за домашниот тим.

Депортиво со голот на Лафита ја совлада Нумансија со 1:0, додека Мануел Фернандес со својот гол во 54 минута против Ваљадолид и донесе нова победа на Валенсија која и понатаму останува непоразена и лидер во Примера дивизијата.

Во последниот натпревар од колото кој можевте во живо да го проследите на Таратур, Реал Мадрид и Еспањол одиграа нерешено 2:2. Иако гостите на два пати водеа со головите на Тамудо и Луис Гарсија, тука беше капитенот Раул кој на два пати ја погоди противничката мрежа и е најзаслужниот играч за освоениот бод на мадриѓаните.


6.10.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika