Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Во чест на македонската музичка икона Тоше Проески, вечерва со почеток во 19,30 часот на Градскиот стадион во Скопје ќе се одржи голем хуманитарен меѓународен концерт под наслов „Те сакаме сите Тоше“.

На концертот чиј покровител е македонската влада и министерството за култура, а организатор е Меѓународната фондација Тоше Проески - Крушево, ќе настапат пејачи и групи од Македонија меѓу кои Калиопи, „Синтезис“, Симон Трпчески, Наум Петрески, Адријан Гаџа и Игор Дурловски, како и хорот и оркестарот на Македонската опера и балет под диригенство на Саша Николовски - Ѓумар.

Покрај нив, во чест на Тоше ќе настапат и странските пејачи Леонтина, Владо Георгиев, Жељко Самарџиќ, Гоца Тржан, Тони Цетински, Аки Рахимовски, Биља Крстиќ, Бојан Маровиќ, Маја Татиќ и Виталиј Козловски.

Водители ќе бидат Ели Танаскова, Игор Џамбазов и Тони Михајловски.

Сцената е со големина 17 на 12 метри. Лед екраните, со кои ќе се постигне висока резолуција на сликата, а првпат се во Македонија, се со големина од 100 метри квадратни и се донесени од Загреб. За да се заштити тревната површина се поставува специјална порта флор - подлога преку целата зелена површина.

Средствата собрани од билетите директно се уплаќаа на хуманитарен фонд на сметка на Меѓународната фондација Тоше Проески-Крушево.

Хуманитарната мисија, преку отворање донаторски броеви за време на концертот, ја преземаа и повеќе медиуми од регионот, како хрватската СМС, босанската ТВ Хајат, црногорската МБЦ, српските Пинк и Свет плус и бугарската Балканика.

Организаторите планираат ваков концерт да се одржува секоја година.



5.10.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika