Според италијанските медиуми, доколку Јуве не успее да го совлада Палермо Раниери ќе си замине уште овој викенд, а неговото место ќе го наследи легендарниот Чиро Ферара.
Раниери е под голем притисок од италијанските медиуми и фановите на Јунвентус по трите последователни нерешени натпревари.
Во тие натпревари е вклучен и засрамувачкиот нерешен натпревар со БАТЕ Борисов на гости со резултат од 2-2, откако се извадија од негатива од 2-0.
Веќе беше напишано во Tuttosport дека
Чезаре Прандели се смета како замена за Раниери за крајот на сезоната доколку тој не успее да освои ниту еден трофеј.
Но според најновите шпекулации, Раниери може да биде сменет уште овој викенд доколку не победи против Палермо во Серија А.
Се вели дека поранешната ѕвезда на тимот
Чиро Ферера, кој седум пати го има освоено Скудетото со Јуве од 1994 до 2005, може да биде идниот предводник.
Ферера беше дел од техничкиот тим на Италија кога го освоија Светското Првенство во 2006, и сеуште им помага на Аѕурите кои се под водство на Липи.
Тој е многу почитуван и сакан од фановите на Јувентус, кој го паметат како одличен дефанзивец.
Наум Баварец/Таратур 3.10.2008