Глувонемите лица често наидуваат на разни пречки во животот, па дури и ако сакаат да се венчаат, бидејќи има матичари кои исклучиво бараат согласноста за склопување на брак да се изговори јасно и гласно.
Матичар во Перу одбил да венча глувонем пар бидејќи младоженецот и невестата не биле во состојба да го изговорат судбоносното „да“.
Луѓето со таков „недостаток“ поради „правните одредби“ не можат да се венчаат, изјави матичарот
Карлос Монталва од Лима за локалната телевизија Америка во средата.
Градоначалникот на општината каде што требало да се одржи венчавката,
Едилберто Квиспе, остро се спротивстави на одлуката на матичарот, оценувајќи ја како „неоснована“.
Покрај тоа, градоначалникот им се извинил на младите и им понудил венчавка во градската општина и преземање на сите трошоци за венчавката.
Младенците се заблагодариле на понудата, но сепак го одбиле градоначалникот и се венчале во друг кварт, каде што на матичарот му било важно само двајцата да климнат со главата.
3.10.2008