За прераната смрт на хрватската фанки ѕвезда е виновна комбинација од лекови за смирување и антидепресиви. Ова го покажа токсиколошкиот наод кој на медиумите им го откри семејството Дворник.
Неговите најблиски додадоа дека нема повеќе да даваат изјави поврзани за неговата смрт.
Дополнителните токсиколошки истраги беа потребни бидејќи здравствената состојба на
Дино Дворник беше добра, па затоа обдукцијата не го даде одговорот за причините за неговата смрт.
Дино Дворник почина на 7 септември во својот дом во Загреб. Неговиот погреб со песни, танц и солзи на загребскиот крематориум ќе остане запаметен како единствен на овие простори, пишуваат хрватските медиуми.
3.10.2008