| Кликнете на сликите за да се зголемат |
Убиствена комбинација од совршено тело и прекрасно лице мора да биде добитна. Ги красеше насловните на многу магазини, сними бројни рекламни кампањи, но немојте невиниот израз на лицето да ве залаже. Џоси Маран е вистинско ѓаволче на која сексот цело време и е в ум.
Отворено признава дека не верува во брак, а со својот партнер, фотографот
Али Алборзи, има ќеркичка, која според сопствената желба ја родила во дворот од нивната куќа.
Во брак не верува бидејќи не и јасно како луѓето можат целосно да ја уништат желбата за совршена врска со обичен договор: „Јас само сакам забава, добар секс и љубов“, ги објаснува своите животни ставови атрактивната манекенка.
Иако од својата 12 година се занимава со манекенство кое и овозможило прилично удобен живот, атрактивната бринета се занимава и со глума, а лансираше и своја козметичка линија.
Кога била млада, сакала да стане секс терапевт, и тоа бидејќи разговорот за секс, според нејзиното мислење е секогаш забавен: „Никогаш не сум водела досаден разговор за секс. Кога се зборува за секс, луѓето оживуваат.“
Но, 30-годишната манекенка не застанува само на зборувањето за секс, бидејќи, за среќа, постојат и позабавни работи од самиот разговор за него.
„Сакам да зборувам за сексот, но уште повеќе сакам да го практикувам. Добра сум и во психологија и во секс. Сон ми е да имам секс двапати дневно. Секој пат кога легнувам в кревет, сакам да имам секс. Мажите затоа ми зборуваат: ’Дај, успори малку’, бидејќи сакаат да се спијат. Не можат да држат чекор со мене“, вели секс кралицата.
Вели и дека нема ништо против секс играчките: „Вибраторите на девојките им се навистина важни. Момците треба да ги прифатат и да се спријателат со нив. Неодамна го добив својот прв вибратор и тоа ми е неверојатно возбудливо. Многу сум отворена и по малку провокативна кога сексот е во прашање“.
Признава дека би сакала да може да ги спои
Џони Дип и
Гвен Стефани во една личност бидејќи и се интригантни и сексипилни. Но, од мажите, кога изгледот е во прашање, очекува ништо помалку од совршенство.
„Навистина сум плитка кога станува збор за мажите. Излегувам само со фраери кои се навистина згодни и надарени и мора да имаат одлични тела. Пријателите секогаш ме зафркаваат за тоа, но не можам да си помогнам. Јас сум жена со високи стандарди“, вели
Џоси Маран.
2.10.2008