Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Се чини дека веќе по второто коло во групата Д се се знае. Вечерва Ливерпул и Атлетико на свои терени беа подобри од ПСВ Анјндховен и Марсеј.

Иако се чинеше дека групата ќе биде вистинска група на смртта, веќе по само две кола ситуацијата станува јасна. Имено, вечерва без проблеми нови победи славеа Ливерпул и Атлетико кои со по шест бодови се на врвот од табелата. На спротивната страна, без бодови се екипите на ПСВ и Марсеј кои вечерва претрпеа нови разочарувачки порази.

Ако до сега некоја екипа разочарала во Лигата на шампионите, тогаш тоа е ПСВ од кој се очекуваше многу повеќе. Но наместо добри натпревари на кои сме навикнати, фудбалерите на холандскиот тим ни прикажаа бледи обиди за спротивставување на своите противници. Во првото коло тоа не им помина на домашен терен каде Атлетико ги декласираше со 3:0, а синоќа за нијанса подобро поминаа кај Ливерпул кој ги совлада со 3:1.

Дека избраниците на Рафа Бенитез навистина се наоѓаат во добра форма покажа самиот почеток на натпреварот и раното водство на Црвените кое беше дело на Дирк Кајт во петтата минута од натпреварот. Затишјето на Енфилд траеше половина час се додека во 34 минута Роби Кин не постигна гол за водство од 2:0. Новото засилување за Ливерпул од седум метри одлично реагираше на асистенцијата од Торес и конечно постигна погодок во црвениот дрес.

Продолжението на натпреварот не ни донесе премногу неизвесност, а ако имаше и барем малку тогаш таа беше уништена во 76 минута од Стивен Џерард кој со фантастично изведен слободен удар, на најдобар начин го постигна стоттиот гол во дресот на Ливерпул. Само три минути подоцна Дани Коверманс намали на 3:1, но време за промени немаше и брзо се испостави дека тоа е и конечен резултат.

Една од најсигурните екипи во Лигата на шампионите е и Атлетико Мадрид кој ја прослави втората победа совладувајќи го Марсеј со 2:1. Сите голови на натпреварот беа постигнати во првите 20 минути од натпреварот. Атлетико поведе во 4 минута преку Агуеро, во 16 минута Мамаду Нианг израмни на 1:1, а само шест минути подоцна Раул Гарсија го постави конечниот резултат.

Како што веќе знаете, видеа од натпреварите ширум светот можете да најдете во категоријата Фудбал видео!
2.10.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika