Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Сакате да го подобрите сексуалниот живот? Набавете си лубрикант, перница, вибратор, одлична книга за сексот и вооружете се со искреност. Тоа се работи кои ќе ја здрмаат вашата постела.


Вибратор

Најпознатата женска секси играчка одлична е за соло секс, но и за игри со партнерот. Жените кои користат вибратор полесно доживуваат оргазам, им се зголемува либидото, а имат и подобар секс со партнерот, покажа едно интернет истражување.

За време на сексот со партнерот, можете да го ставите вибраторот помеѓу своето и неговото интимно подрачје за да ја зголемите стимулацијата.


Лубрикант

Лубрикантот нема само да го направи сексот понежен и полизгав, туку ќе овозможи и да трае подолго. Можете да пробате и нови пози и да се милувате користејќи лубрикант. Лубрикантите на база на вода се одлични ако се плашите од алергии, а тие на база на силикон одлични се за секс во вода.


Перница

Да, добро прочитавте. Добро поставената перница може да направи чуда за вашиот сексуален живот. Можете да ја ставите под задникот додека се наоѓате во мисионерска поза, или пак под себе додека лежите на стомак. На тој начин ќе го стимулирате клиторисот и ќе го подигнете задниот дел, па партнерот полесно ќе влегува во вас.


Играчка за забава

Без разлика дали се работи за крзно, пердуви, лисици, или пак за топло чоколадо, сексуалните помагала ќе ви ја зачинат страста. Ако ви недостига идеја, охрабрете се и посетете некоја продавница за возрасни.


Добар секс водич

Мислите дека ги знаете сите пози? Ќе се изненадите колку има многу начини на водење љубов. Купете квалитетен прирачник, турете си чаша вино и тргнете на обука. И да не научите ништо ново, сексуалниот водич ќе ви ја зголеми желба за секс.


CD кое ве пали

Снимете си CD со музика која ве потсетува на страст, секс која го буди адреналинот. Играјте голи, смејте се, скокајте и уживајте во приватните секси ритми. Музиката можете да ја ставите и на iPod кој ќе го слушате од работа до дома, па така ќе се подготвите за задоволството.


Секси долна облека

Кога одите да трчате облекувате патики за џогинг. Кога одите да имате секс би било пожелно да облечете предизвикувачка долна облека. Оскудните танга гаќички, пуш-ап градникот и предизвикувачки најлонки ќе ви дадат самодоверба и ќе ја распалат фантазијата кај вашиот сакан.


Искреност

Кога своите желби или незадоволства ги криете од партнерот, во спалната соба подигнувате уште една бариера. За се да функционира и за да можете со партнерот да ги споделите и најлудите фантазии, најважно е да бидете искрени. Ако нешто не ви е пријатно да правите, или ако сакате да испробате некоја нова работа, ако сакате нешто да ви направи, слободно кажете му. Вашата искреност ќе му помогне и тој да се отвори.



2.10.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika