Напаѓачот на Зенит, Павел Погребњак открива дека е во преговори за трансфер во Баерн и дека тоа е можно да се случи уште во јануари.
Говорејќи пред новинарите
Погребњак изјави дека веќе се започнати преговори со Баерн Минхен.
24-годишниот руски репрезентативец посакува трансфер на Алијанс арената. „Ова ми е омилен тим уште од малечок, вели Погребњак. „Кога бев мал, татко ми ми купи дрес од Баерн со број 18 -
Јирген Клинсман“.
„Отсекогаш сум го следел германскиот фудбал. И Борусија Дортмунд ги сакам исто така“.
Ова не е прв пат Погребњак да говори за трансфер во Баерн, еднаш спомна по Европското првенство, но тоа не беше толку официјално.
Што ќе се случи останува да видиме, Погрeбњак исто така рече дека неговата стил на игра е многу сличен на шпанскиот.
Во секој случај, Баерн е најголем фаворит за купување на овој играч, кој имаше исто постигнато голови како и
Лука Тони во Купот на УЕФА минатата сезона.
Наум Баварец/Таратур
1.10.2008