Фудбалерот од средниот ред на европскиот шампион ќе биде надвор од акција десетина недели, откако на вчерашниот натпревар против Алборг се здоби со потешка повреда.
Сколс се повреди во 16 минута од натпреварот и веднаш беше јасно дека нема да може да го продолжи натпреварот. Менаџерот сер
Алекс Фергусон по натпреварот изјави дека Сколс може да изостане од теренот околу 2 месеци, но по денешните прегледи лекарите на англискиот прволигаш порачаа дека повредата е поголема од првичната проценка.
Доколку моменталната прогноза се оствари, Сколс ќе може да се врати дури за натпреварот против Тотенхем на 13 Декември, што значи дека ќе ги пропушти останатите натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите, како и клучните гостински натпревари од Премиерлигата против Евертон, Арсенал и Манчестер Сити.
33-годишниот фудбалер вкупно ќе отсуствува на дури 16 натпревари.
1.10.2008