Бритни Спирс наводно ја спрегнала целата можна машинерија за да спречи нејзината секс снимка со папарацото Аднан да заврши во јавност и за тоа е подготвена да плати милиони долари.
Пред некој ден
Аднан Галиб за првпат јавно призна дека поседува секс снимка со
Бритни Спирс и воедно ја понуди на продажба на сериозен купувач.
Наводно снимката е направена во Мексико, во време кога пејачката се бореше со дроги, алкохол и останати демони.
Се споменува дека Аднан веќе добил понуда од три милиони долари од една порнографска веб страница.
Но, Бритни, чија кариера по подолго време е барем малку во нагорна линија, наводно е подготвена да плати за да спречи снимката да биде објавена.
„Нејзините адвокати работат прекувремено. Кажано им е да направат се што е потребно за да спречат видеото да заврши на интернет“, откри извор за весникот Сан.
1.10.2008