Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

За тоа се зборува со децении, но д-р Николас Периконе сега одговорно тврди: стареењето е болест и може да се излечи. Лекарот чии клиентки се Џулија Робертс, Ума Труман и Кејт Бланшет, предлага нов делотворен метод против стареењето.

Д-р Николас Периконе има сосема различен медицински пристап од своите колеги дерматолози. Додека повеќето од нив последиците од стареењето ги гледаат како неизбежен процес во животниот циклус, д-р Периконе верува дека стареењето е болест, па така може и да се излечи.


Периконе не тврди дека го поседува еликсирот на младоста, туку дека може да го сопре процесот на стареење. Во тоа ги има уверено и своите VIP клиенти, Кејт Бланшет, Ким Катрал, Ума Труман и Џулија Робертс.

Прв пат д-р Периконе се појави на насловните страни на светските магазини кога ја објави книгата ,,The Wrinkle Cure and The Perricone Prescription″ во која утврдува дека со исхрана која вклучува протеинска храна, лосос и разна зрнеста храна, може да се постигне млад изглед и тоа само за три дена.

Таква диета богата со есенцијални киселини и антиоксиданти е еден од клучните елементи на Периконовиот пристап. Останатите два принципи се додатоци во исхраната, силни антиоксиданти и темелна нега на кожата.


Периконе не застанал само на тоа. По осумте објавени книги и бројните истражувања, продолжи да работи на истражувањето на процесот на стареењето.

„Со годините ја губиме мускулната маса како и поткожното ткиво, поради што кожата ја губи еластичноста, а ние се свиткуваме. Така што, стареењето не е многу важно за брчките, тие се само нус појава, колку што е важно губењето на ткивото“, вели д-р Периконе.

Многу лекари, естетски хирурзи и дерматолози, решение наоѓаат во инекции од ботокс, како превентива од стареење. Но таквите постапки се поврзани и со финансиите – скапи се и краткотрајни.


„Мислам дека луѓето треба да го употребуваат својот разум. Всушност, кога во лицето ви ставаат ботокс или некој препарат, вие нема да имате брчки, но ќе го растегнете лицето и нема да изгледате помлади. Само ќе бидете без брчки, додека вашето лице и понатаму ќе биде опуштено и старо. Постојат и други начини“, вели докторот.

А другиот начин е Периконовиот последен мастер план –пристап во четири чекори, кои ќе ви го подари изгледот кој го сакате и тоа без игли или хируршки нож. Станува збор за диетална програма, стимулација на мускулите, ласерска терапија и правилна нега на кожата.

И што е најважно - целиот процес трае од 8 до 12 недели, а резултатот е 10 години млад изглед.


30.09.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika