Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Разликите за прашањето околу името меѓу шефот на македонската држава и македонскиот премиер, синоќа се потврдија на заедничкиот координативен состанок, по средбите на претседателот во Њујорк.

“Очигледна е намерата на Груевски да се избегне каква било одговорност и да се остави медијаторот Нимиц на еднострано влијание и корекции само од грчка страна во овој многу важен период, со што се создава амбиент за многу полош предлог за Република Македонија“, изјави претседателот Бранко Црвенковски.

Според шефот на државата, премиерот Никола Груевски има несериозен пристап и избегнува одговорност во врска со ова прашање.

“Само со заеднички напори и со поделена одговорност меѓу претседателот и премиерот на државата ќе има надеж за позитивен исход“, изјави по средбата Црвенковски.

Според премиерот, пак, шефот на државата “настојува, а и понатаму ќе настојува, сопствениот политички рејтинг и неговата идна политичка кариера да ја гради врз основа на прашањето за името“.

“Зачудени сме од денешната нервозна и штетна за државата реакција на г. Црвенковски“, се наведува во соопштението од Кабинетот на премиерот Груевски, објавено синоќа.

“Тоа за нас во најмала рака е неодговорно. Ова се времиња кога треба да бидеме сериозни и да покажеме одговорен однос кон државата и нашите граѓани“, се додава во соопштението.

Шефот на државата, од своја страна, оцени дека ако нема напредок во наредните две-три седмици, преговорите ќе влезат во најмалку едногодишен мораториум, а Македонија ќе стагнира во ЕУ и НАТО интеграциите.



Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.


30.09.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika