Двајца страсни љубители на брза храна својата свадба и новопечениот брак ја крунисаa со специјална торта – чизбургер од скоро 20 килограми.
Том и
Кери Ветс, за својата венчавката порачаа торта од своите соништа. Огромниот чизбургер, тежок 19 килограми и широк скоро половина метар бил централна атракција на свадбата која се одржала во Zak's American Dinнer во Норвич.
„Не само што се оженив со девојката од своите сништа, туку на свадбата го добив и бургерот од моите сништа“, вели 36-годишниот пожарникар Том Вотс.
„Не можев да поверувам колку е голем чизбургерот. Беше неверојатен.“
„Ги обожуваме хамбургерите и мислевме дека би било интересно наместо торта да направиме џиновски чизбургер“, вели Кери Вотс.
Чизбургерот со пречник од половина метар, тежок е колку 100 обични хамбургери. Плескавицата била тешка 11 килограм пред да ја испечат.
Месарот Џон Бакстер поминал цел ден правејќи го свечениот сендвич, чие печење траеле повеќе од три часа.
Потоа, тројца готвачи морале да му помогнат да го извади од рерната и да го префрлат во специјалното лепче, тешко пет килограми, а вработените на ресторанот го исекле со пила.
Од прилозите, во “тортата“ имало две главички салата, 12 главички кромид, 30 домати, 48 кисели краставички, два килограми сирење, и по литар кечап и мајонез.
29.09.2008